Автобусите подготвени за шампионите

Ракометните владетели на Европа се очекуваат да пристигна околу полноќ во Скопје, а во тек се подготовките за нивниот пречек.

Верните навивачи „Комитите“ веднаш откако Вардар го победи Веспрем (27:24) и стана европски шампион, повикаа на организиран пречек „ПАРАДА НА ГОРДОСТА“. Собирот на навивачите и фановите на вардарци ќе биде во 22 часот пред СЦ „Јане Сандански“ од каде сите заедно ќе се упатат кон аеродромот Скопје. Се очекува авионот со ракометарите да слета околу 23.45 часот.

ЈСП веќе ги подготви автобусите со кои ракометарите од аеродромот ќе дефилираат низ улиците на Скопје.  Се уште не е одлучено дали прославата ќе биде пред СЦ „Јане Сандански“ или на плоштад „Македонија“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот