Автобусите на ЈСП утре ќе сообраќаат по неделен возен ред

Фото: Слободен печат/Д. Митрески

Од ЈСП информираат дека утре, петок (23.10.2020 год), поради државниот празник 23 Октомври- Ден на македонската револуционерна борба, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Истиот режим ќе важи и во сабота и во недела.

Утре, петок (23.10.2020 год) и во недела (25.10.2020 год), дежурни ќе бидат три билетарници, односно од 7 до 19.30 часот отворени ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и на Зелено пазарче, а билетарницата во Ѓорче Петров ќе работи од 7 до 13 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот