Автобусите на ЈСП нема да сообраќаат додека трае празничниот полициски час

јсп автобус
Автобус на ЈСП /фото: Архива на Слободен печат

ЈСП Скопје соопшти дека од утре, недела (24.05.2020 год) од 11 часот до вторник (26.05.2020 год) до 5 часот, јавниот превоз нема да функционира.

Привремениот целосен прекин на сообраќањето на автобусите на ЈСП Скопје и приватните превозници е согласно одлуката на Влада за забрана на движење на населението во посочениот период.

Во недела сите автобуси ќе сообраќаат по неделен возен ред од 5 до 11 часот. Утре нема да има дежурни билетарници и центри за персонализација.

Јавниот превоз ќе продолжи да функционира од вторник (26.05.2020 год) од 5 часот, а автобусите ќе сообраќаат до 19 часот, по саботен возен ред.

Исклучок ќе бидат линиите 9, 19, 20 и 23 кои ќе возат по редуциран делничен возен ред. Вообичаено продолжуваат да работат сите билетарници и центри за персонализација.

Од 6 до 17 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар, во ГТЦ, кај Пошта, во Аеродром, Ѓорче Петров, Ново Лисиче, Буњаковец, билетарниците на Зелен пазар, кај пазарот во Бутел, во Маџари, Кисела Вода, Драчево, како и билетарниците кај ЈСП Дирекција, во населба Даме Груев, во Сарај, кај Дом на печат и во Карпош 4.

Во истиот период ќе работат и центрите за персонализација во Автокоманда (кај Шумарски факултет), Аеродром, Карпош 2, на Бит пазар и на Транспортен центар (автобусот).

Од 6 до 13 часот ќе бидат отворени билетарниците кај старото кино во Бутел, Лисиче, Радишани и во Железара.

Во истиот период ќе бидат отворени центрите за персонализација во Влае и во просториите на ЈСП Турс (Градски ѕид).

Услугите можат да се купат и на сто локации (трафики, маркети) кои се дел од продажната секундарна мрежа на ЈСП Скопје.

ЈСП Скопје потсетува дека и натаму не важат бесплатните средношколски билети, како и бесплатниот превоз за возрасни лица (жени со 62 год, мажи со 64 год) во вторник, петок, сабота и недела.

Укинати се и трите автобуски линии (25, 25А и 25Б) што сообраќаат до Средно Водно, туристичката линија „Сити тур”, а не работи и Жичарницата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот