Автобус во Перу падна во провалија – загинаа 24 лица

Перу свлечиште / Фото: Jesus TAPIA / AFP / Profimedia

Најмалку 24 лица загинаа, а 21 се повредени во сообраќајна несреќа во Перу, кога автобус падна во провалија длабока 200 метри, јави Би-Би-Си.

Несреќата се случила во текот на ноќта високо на Андите, автобусот се движел од Хуанкај кон Хуанте, а причината за несреќата засега не е позната.

Градоначалникот на Хуанте изјави за локалното радио дека патот каде што се случила несреќата не е поправен откако пред еден месец бил оштетен во одрон.

Мештаните први пристигнале на местото на несреќата, изјавиле дека за среќа автобусот застанал во грмушките, чии гранки го спречиле да падне во реката на дното на клисурата.

Пожарникарите од Хуанте успеале да ги извлечат повредените патници од автобусот и да ги пренесат во болница.

Сообраќајните несреќи во Перу се многу чести и според официјалните податоци минатата година на патиштата загинале повеќе од 3.300 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот