Автобус со владини претставници како мета: Тројца загинати и 11 повредени во бомбашки напад крај Кабул

Фото: EPA-EFE/M. SADIQ

Три лица загинаа, а 11 сe повредени во бомбашки напад во Авганистан. Експлозивната направа била поставена покрај пат и активирана во момент кога минувал автобус со владини претставници кон Кабул, изнајмен од Министерството за информации и технологија.

Инцидентот се случи синоќа, на денот кога претставниците на авганистанската влада, талибанците и клучните земји, вклучувајќи ги САД и Русија, се собраа во Москва за да се заложат за намалување на насилството и брз мировен процес во земјата. Досега никој не презеде одговорност за експлозијата.

Талибанците упатија закана до САД дека ќе возвратат ако американските сили во Авганистан не се повлечат до договорениот краен рок – 1 мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот