1.1 C
Скопје

Автобиографско дело на Андре Леон Тели – Имам 71 година, време е да се дознае вистината за Ана Винтур

Мојата приказна е бајка, а, за жал, во секоја бајка има и лоши случувања, напишал во својата исповед Андре, кој со години ѝ беше „десна рака“ на „мајката на модата“

Поранешниот главен помошник на Ана Винтур (70), позната како „мајка на модата“ и главна уредничка на американскиот моден магазин „Вог“, Андре Леон Тели (71), објави своја автобиографија насловена „Ровови од шифон“. Во ова свое дело, тој својата поранешна шефица ја опишува како студена и одмаздољубива жена, која многу често ги навредувала вработените и „уништила многу дизајнерски кариери“.

Долго време бил единствениот Афроамериканец во „Вог“

Андре кога имал 21 година, добил понуда да работи за „Вог“. Него го одгледала баба му која работела како слугинка. Кога почнал да работи како новинар, буквално не можел да си купи храна и да ја плати киријата, па оваа понудена работа ја прифатил веднаш.

Потоа, со децении ѝ бил „десна рака“ на Ана Винтур и долго време бил единствениот Афроамериканец што бил дел од уредништвото на „Вог“.

Прочитајте и...  Редок камен со необична сличност со „Cookie Monster“ со вредност од 10.000 долари

– Оваа автобиографија е мојата вистина, мој личен придонес во модниот свет. Затоа и пишувам дека Ана го ценеше, но знаеше и да го потцени мојот труд. Сега имам 71 година и затоа решив вистината да ја објавам во книга – напишал Андре.

Исклучително успешна кариера

Андре како новинар имал богата и успешна кариера. Тој, меѓу другото, е познат и по тоа што прв успеал да добие дозвола да направи интервју со Мишел Обама, кога стана прва дама на Америка.

Помеѓу колегите е познат и по „остриот јазик“ и по тоа што бил единствениот кој имал храброст да ѝ каже на Ана дека не е соодветно облечена.

– Никогаш во животот не бев безобразен, но секогаш наоѓав начин да ѝ кажам што не ми се допаѓа – истакнал тој.

Прочитајте и...  Кејт Хадсон раскажа за својот татко кој го напуштил семејството кога таа била дете

Книгата предизвика голем интерес

Токму поради тоа што Андре отсекогаш важел за најостар критичар на својата шефица, но и на сите модни креатори, па дури и на модните ревии што ги организирале, веднаш по објавувањето книгата предизвика голем интерес во јавноста, особено поради фактот што во неа се пишува за една од највлијателните жени во светот на модата.

– На многумина им нанесе емоционални трауми, а најлошо во целата приказна е што всушност Ана никогаш не покажуваше страст кон модата како што тоа беше случај со другите вработени и покрај тоа што себеси се претставува како „модна икона“. Единствено што сака е моќта, што според мене е и главната причина за ваквото нејзино однесување. Знае дека додека е на позицијата на која се наоѓа, може да одлучува за судбината на многу модни дизајнери, насекаде во светот – пишува тој во книгата.

Прочитајте и...  Наоми Кемпбел ги откажува цигарите и го сподели својот метод: Навистина се обидувам

Соработката помеѓу Ана и Андре завршила во 2018 година кога тој одбил да прави интервјуа со познатите личности на црвениот тепих на манифестацијата „Мет гала“.

Поврзани вести

Наоми Кемпбел ги откажува цигарите и го сподели својот метод: Навистина се обидувам

Слободен Печат

Фановите „полудеа“ по модниот избор на Цеца со животински принт: Велат дека никогаш не изгледала толку добро!

Слободен печат

Кејт Хадсон раскажа за својот татко кој го напуштил семејството кога таа била дете

Слободен Печат

4 хороскопски знаци на кои им претстои период исполнет со среќа и успеси според ѕвездите

Слободен печат

Редок камен со необична сличност со „Cookie Monster“ со вредност од 10.000 долари

Слободен Печат

Лидија Вукичевиќ за Риалда Кадриќ: „Таа беше прекрасна и ведра личност“

Слободен печат

Остави Коментар