Австриското село Fucking ќе го смени името: Доста ни беше од лошите шеги!

Instagram

Во Австрија постои село со име Фукинг (Fucking), но тоа наскоро ќе биде променето, бидејќи како што изјавила градоначалничката: „Доста ни беше од посетители и од нивните лоши шеги“.

Instagram

Но, ваквото име привлекувало доста туристи наназад низ годините, а имало и такви што ги краделе знаците каде што го пишувало името на селото.

Малата заедница со околу 100 жители во Горна Австрија долго време се залагаше за промена на името, кое наводно датира уште од 11 век и на германски нема никакво значење.

Локалните жители станале фрустрирани од туристите, кои се фотографираа покрај знаците, кои, згора на тоа, често и се краделе.

Селото кое се наоѓа северно од Салзбург, во близина на германската граница, беше непознато за светот и водеше мирен живот до појавата на интернетот, откога редовно почна да биде вклучувано на листите на местата со најсмешни имиња.

Името на селото официјално ќе биде променето на 1 јануари 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот