Австриско државјанство за потомците на преживеаните во Холокаустот – 76 години од ослободувањето на Аушвиц-Беркенау
Пред 76 години, Црвената армија го ослободи концентрациониот логор Аушвиц-Биркенау. Ова ослободување дојде предоцна за повеќе од еден милион затвореници кои беа убиени во овој најголем нацистички логор за истребување од октомври 1941 година; со гасови, потоа изгорени и конечно здробени, со цел да се уништат сите траги.
На 27 јануари ги одбележува денот на сеќавање на повеќе од 6 милиони луѓе од Европа, главно еврејски сограѓани, но исто така и на бројни Роми кои не го преживеале овој геноцид, вклучувајќи 7.144 лица од Северна Македонија кои беа депортирани во март 1943 година за време на тогашната окупација и убиени во логор на смртта Треблинка.
И покрај овие страшни бројки, преживеа не само сеќавањето за ужасите на холокаустот, туку пред сè и социјалното делување на нашите сограѓани Евреи во Европа и нивните извонредни достигнувања во различни области. Во областа на културата ова ја вклучува традицијата на клецмер музиката, која Мориц Вајс Клецмер Трио вешто ја комбинира со елементи на џез и класична музика. Доживејте ја современата еврејска креативност од Штаерска/Австрија на концертна снимка од ноември 2020 година.
Не треба да остане наспоменато и дека Австрија одлучи не само да им овозможи на сè помалата група на луѓе кои го преживеале холокаустот да добијат или повторно да се здобијат со австриско државјанство, туку од 1 септември 2020 година исто така и на сите нивни потомци (вклучително и посвоени деца).
Суштинската одредба од Законот за австриско државјанство гласи (во извадок): „Странец стекнува … [австриско] државјанство, ако писмено го извести органот … дека заминал во странство пред 15 мај 1955 година како [австриски] државјанин или државјанин на една од земјите наследнички на поранешната австро-унгарска монархија или лице без државјанство со главен престој на [австриската] федерална територија, бидејќи тој/таа имал/а причина да стравува или претрпел/а прогон од страна на органите на НСДАП или властите на Третиот Рајх.
Странец се стекнува со [австриско] државјанство, ако писмено го извести органот … и докаже со несоборливи документи или други соодветни и еквивалентни средства за потврда дека тој/таа е потомок во директна линија на лице кое стекнало или можело да стекне државјанство во согласност со став 1 [види погоре]. Децата посвоени како малолетници исто така се сметаат за потомци“.