Австриските власти ги демнат потенцијалните „терористи спијачи“, Фејзулаи се подготвувал

Терористички напад во Виена, Австрија / 02 ноември 2020 / Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Терористичкиот напад во центарот на Виена чиј епилог заврши со четворица мртви и многу повредени отвори многу прашања за безбедносните служби во Европа.

Едно од нив е и каде потфрлија австриските службеници надлежни за разузнавање и контраразузнавање. Очигледно е дека Кујтим Фејзулаи создал имиџ со кој ги уверил властите дека не претставува опасност, односно не е еден од „терористите спијачи“, кои во даден момент добиваат задача од нивната централа и вршат одреден терористички акт.

Главниот уредник на „Хеуте“, Клеменс Оистрик во интервју со министерката за интеграција Сузана Рааб се обиде да добие по конкретни одговори за овие прашања.

„300 луѓе од Австрија сакаа да се приклучат на Исламската држава во Сирија и Ирак во последните неколку години. 150 од нив сè уште загинаа таму или во војната, 150 се вратија, некои се затворени, други ослободени. Ако еден терорист е во Австрија, тој мора да остане во притвор или за него да бидат спроведени специјални мерки сè додека не се утврди дека е 100% загарантирано дека тој не претставува закана за општеството.“ изјави министерката.

Таа појасни и дека една од мерките со кои овие лица се држат под контрола е и електронска алка која осомничените ја носат на глужд од ногата. Оваа мерка е воведена за да се намалат финансиските трошоци на безбедносните служби.

Сепак, според Рааб ова е само една од мерките кои се користат. Таа истакнува дека омразата која се шири на интернет со молскавична брзина е исто така појава на која треба да се внимава. Министерката апелира до сите корисници на интернетот да не се воздржуваат да го пријавуваат киберџихадизмот во полиција. Со тоа властите би можеле бргу и поефикасно да интервенираат.

Иако можните соучесници кои беа приведени и испрашани во врска со настанот ги отфрлија тврдењата на полицијата дека му помогнале за нападот а и според полициските информации се вели дека засега немаат никакви докази дека Фејзулаи имал соработници и помош, веќе е јасно дека тој прегрупирал мебелот во својот стан, како засолниште во случај полицијата да изврши рација во неговото живеалиште субвенционирано од државата.

Исто така, според информациите до кои дојде Слободен печат во една од двете џамии кои австриските власти ги затворија Кујтим Фејзилаи бил обучуван од озлогласениот терорист Абу Мухамед алијас Неџад Балкан за кој се верува дека го регрутирал Мевлид Јашаревиќ. Тој беше осуден во 2013 година на 15 години затвор за нападот врз американската амбасада во Сараево на 28 октомври 2011 година.

ВИДЕО+ФОТО: Стотици Австријци се собраа во центарот на Виена. Дупките од куршумите на Кујтим Фејзулаи се пополнети со цвеќиња.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот