Австрискиот претседател: Дозволив Путин да ме измами

Александар Ван дер Белен
Александар Ван дер Белен / Фото: EPA-EFE/HEINZ-PETER BADER

Претседателот на Австрија, кој се кандидираше за нов мандат, Александар ван дер Белен, призна дека е грешка што не се диверзифицираат изворите на гас и посочи дека дозволил рускиот претседател Владимир Путин да го измами, како што го „измамил и целиот свет“.

Ван дер Белен во интервју за телевизијата „Пулс24“ беше прашан за претходните изјави каде тој рече дека е „лесно да се разговара со Путин“, објаснувајќи дека е лесно да се разговара со него бидејќи зборувал на германски и дека за време на посетата бил заинтересиран за неговата семејна историја, која е поврзана со Русија.

-Или тој веќе планираше колонијалистичка агресивна војна или се промени во текот на изминатите години. Сигурно не е важно што е, верувам дека Путин ме измами мене, како што го измами целиот свет – објасни тој.

Во врска со се почестите критики за санкциите, Ван дер Белен рече дека сега не е време да се размислува за нивно прекинување.

– Тие санкции се ужасно штетни за Русија, а војната во Украина исто така влезе во фаза кога е јасно дека Путин очигледно погрешно ја процени ситуацијата. На почетокот сигурно мислеше дека брзо ќе го освои Киев, но сега бележи загуби. Ситуацијата дополнително ја влоши делумната мобилизација во Русија, која предизвика стотици илјади млади луѓе да ја напуштат земјата. Путин направи грешки во неколку прашања. Не ми е јасно што прави руската разузнавачка служба, или можеби Путин не и верува – рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот