Австрискиот канцелар Шаленберг се повлече од функцијата

Александар Шаленберг / Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Австрискиот канцелар Александар Шаленберг денеска изјави дека се повлекува од функцијата, на помалку од два месеци по преземањето на должноста и неколку часа откако неговиот претходник, Себастијан Курц, кој е опфатен во истрагата на државното обвинителство за коруптивни скандали, го соопшти своето заминување од политиката, јави Ројтерс.

Оставката на конзервативниот политичар Шаленберг најавува сериозни превирања во врвот на австриската политика, а особено во конзервативната Австриска народна партија (ОВП).

Курц, кој е осомничен за корупција, претходно денеска изјави дека се повлекува од функцијата лидер на партијата и лидер на парламентарната група на ОВП.

OВП во моментов има кревка владина коалиција со Зелените.

Курц откри зошто се повлекува од политиката: Еден момент променил се

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот