Австрискиот канцелар Шаленберг примил писмо со закани од анонимни антиваксери

Александар Шаленберг.
Александар Шаленберг/ Фото: МИА

Сојузната служба за заштита на Уставот и борба против тероризмот покренала истрага против анонимни противници на епидемиолошките мерки поради закана до австрискиот канцелар Александар Шаленберг.

Во заканувачкото писмо, потпишано од „Групација”, на Шаленберг му е даден рок до крајот на ноември да ги повлече сите антиковид мерки и да се повлече од политиката, бидејќи во спротивно „Групацијата” му се заканува со насилство на Шаленберг, неговото семејство и сојузниците.

Покрај Шаленберг, загрозени се и министрите за внатрешни работи и за здравство, Карл Нехамер и Волфганг Микштајн, други членови на владата и политичари од опозициската Социјалдемократска партија (СПО), кои го поддржаа заклучувањето и најавеното воведување задолжителна вакцинација.

Министерот Нехамер изјави дека кога се испраќа закана од анонимен испраќач против демократски избрани институции и нивните семејства, тоа не може само да се земе предвид, па затоа најави дека полицијата преку сеопфатна истрага ќе утврди кој стои зад заканата.

Австриската полиција во последните недели предупреди на растечката радикализација во редовите на противниците на антиковид мерките, што беше потврдено и на последниот протест во Виена, каде имаше напад врз чуварите на редот.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот