Австрискиот канцелар Себастијан Курц поднесе оставка

Австрискиот канцелар Себастијан Курц си поднесе оставка/Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

 Себастијан Курц поднесе оставка од сојузен канцелар на Австрија. На негово место ќе дојде министерот за надворешни работи, Александар Шаленберг, известува Шпигел.

Доцна попладнево тој потврди дека се повлекува од премиерската функција.

– Мојата земја ми е поважна од мене, рече Курц.

Во текот на денот од Виена стигнуваа информации дека во вторник на вонредна седница на Парламентот ќе се гласа за иницијативата за недоверба на австрискиот канцелар Курц. Инаку, канцеларијата на Курц е под истрага за финансиска измама, но Курц ги отфрла обвинувањата.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц и неговите најблиски соработници се осомничени дека плаќале пари на даночните обврзници на медиумите за да објавуваат позитивни написи за Курц и неговата партија, соопштија во средата обвинителите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот