Австрискиот канцелар Нехамер во посета на Киев и Буча

Карл Нехамер / Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Австрискиот канцелар Карл Нехамер отпатува за Украина и утре ќе престојува во Киев и Буча, кои станаа симбол на ужасите на руската агресија врз Украина, соопшти неговиот кабинет.

„Карл Нехамер вечерва отпатува за Украина. Планирана е посета на Буча“, соопштија од кабинетот на канцеларката.

Буча е град северозападно од Киев, каде минатиот викенд беа откриени десетици тела во цивилна облека, по повлекувањето на руските војници. Москва решително негираше вмешаност, осудувајќи ја „драмата во режија на Украина, која има за цел да го наруши угледот на нејзините војници“.

Средба со Зеленски

Нехамер утре ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, по што ќе одржи прес-конференција и ќе разговара со премиерот Денис Шмихал.

Предвидено е тој да се сретне и со градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, а во текот на вечерта да се врати во Австрија.

„Важно е, во рамките на нашата неутралност, да ја поддржуваме Украина на хуманитарно и политичко ниво“, рече Нехамер.

Австрија е членка на Европската унија, но не и во НАТО. Таа ја осуди инвазијата на Украина и изрази солидарност со Киев.

„Во Украина се води страшна агресивна војна против цивилното население. Сторителите на овие злосторства мора да одговараат“, заклучи австрискиот канцелар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот