Австриската полиција изврши претрес во 24 станови: Голема акција против неонацистите

Фото: EPA/BENEDIKT LOEBELL/Илустрација

Повеќе од 300 полицајци учествуваа во акцијата во која се запленети повеќе компјутери, мобилни телефони, како и предмети од Третиот рајх.

Австриската полиција спроведе акција против неонацистите во Виена и покраината Долна Австрија.

Полицијаците извршиле претрес во 24 станови, а меѓу осомничените е поранешен вработен во австрискиот парламент.

На поранешен вработен во парламентот му се припишува контакт со шефот на неонацистичката сцена во Австрија – Готфрид Кисел.

Според пишувањето на австриските медиуми, акцијата е спроведена поради сомнение дека неонацистите се инфилтрирале во безбедносните претпријатија за легално да стигнат до вооружување.

Повеќе од 300 полицајци учествуваа во акцијата во која се запленети повеќе компјутери, мобилни телефони, како и предмети од Третиот рајх.

Исто така откриена е и помала количина на канабис.

Седум лица од 20 кај кои бил извршен претрес, се вработени во секторот за обезбедување и на тој начин поседуваат легално оружје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот