Австриската полиција строго ги контролира ковид пропусниците, а се проверуваат и туристите

Австриска полиција/ Фото ЕПА

Полицијата во Австрија спроведува сеопфатни контроли за почитување на таканареченото правило „2G“ и ограничувањата за движење за невакцинираните

EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Полицијата од граѓаните на Виена, но и од многубројните туристи кои ги затекнува во градот бара доказ за вакцинација или за прележан Ковид 19, не постар од 180 дена, без кој нема пристап до угостителски, забавни и културни објекти и собири.

Повеќето ги имаат потврдите на своите мобилни телефони, а полицијата ги скенира за да утврди дали потврдата е валидна .

Австриска полиција
Австриска полиција/Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Имал мал број на лица што потврдата ја носат во хартиена форма , што не е проблем за проверка на полицијата.
За време на денешните проверки во центарот на Виена, беа контролирани стотина луѓе, и немаше ниту еден граѓанин кој не ги поседува потребните документи.

EPA-EFE
Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Виенската полиција соопшти дека дека граѓаните генерално ги почитуваат сите епидемиолошки мерки.

„Пред неколку дена стапи на сила карантинот за невакцинираните, а полицијата согласно законот учествува во контролата на тие мерки. Оваа контрола се спроведувасеопфатно, бидејќи се бара =доказ за 2G при рутински контроли, но ангажирани се и специјални патроли кои вршат контрола на јавни места со висока фреквенција“, соопшти полицијата .

Видео на денот