Австриската економија пандемијата ја чини 11 милијарди евра

Оваа штета изнесува 2,8 отсто од годишнот БДП на Австрија.

Националната банка  на Австрија (ОеНБ) денеска соопшти дека пандемијата од коронавирусот досега домашната економија веќе ја чини 11 милијарди евра.

Во изминатите пет недели заради мерките против ширењето на коорнавирусот и падот на извозот, како и заради недостигот од инвестиции, намален е придонесот на стопанството.

Оваа штета изнесува 2,8 отсто од годишнот БДП на Австрија.

Најтешко погодени сектори се хотелиерството и гастрономијата, туризмот, услугите, спортот и забавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот