Австријците знаат од каде доаѓа опасноста: Мора да ги запреме Лазаров и Стоилов

Македонија вечерва против Австрија го игра клучниот натпревар за пласман во втората фаза. За нас најдобро е вечерва да победиме, но свои математики имаат и Австријците. Тие во првите две кола оставија две победи, а селекторот Алеш Пајович смета дека го знае рецептот и за вечерашниот натпревар. Според, Пајович, најважно е да се запрат капитенот Кире Лазаров и пикерот на Вардар, Стојанче Стоилов.

– Лазаров го знаат сите, но она што ме импресионира е неговата комбинаторика со пивотот Стоилов. И Украина и Чешка имаа сериозни проблеми со запирање на овие акции, ние ќе мораме да најдеме подобро решение. Ако ги неутрализираме овие двајца ракометари, сме завршиле голем дел од работата. Во оваа група сите натпревари беа израмнети сите знаеме дека ништо не е готово. Мораме да бидеме внимателни, бидејќи Македонија за мене, сè уште е најголем фаворит во групата – изјави Пајович.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот