Австријците од средината на јуни нема да носат заштитни маски

Иако оваа мерка значително ќе биде ублажена од средината на јуни, таа нема да биде целосно укината.

Австриските граѓани повеќе нема да бидат приморани да носат заштитни маски во училиштата и продавниците од средината на јуни, откако бројот на активни случаи на коронавирусот во земјата опадна под 650, објави денеска австриската влада.

Австрија беше меѓу првите европски земји што воведе обврска за носење заштитни маски, прибегнувајќи кон мерката уште на почетокот на април, во обид да го спречи ширењето на пандемијата со вирусот „ковид-19“.

Иако оваа мерка значително ќе биде ублажена од средината на јуни, таа нема да биде целосно укината.

Маски сепак ќе треба да носат патниците во јавниот превоз, фризерите и келнерите, а исто така маските ќе треба да се носат за време на јавни настани каде е невозможно да се одржи минимално растојание од еден метар.

Прочитајте и...  Дрекслмајер: Тројцата заразени работници од Ковид-19 не се поврзани меѓу себе

-Ќе ги тргнеме маските чекор по чекор- рече канцеларот  Себастијан Курц на денешната прес-конференција, истакнувајќи дека новата фаза вклучува „помалку правила и поголема индивидуална одговорност“.

-Ние сме на вистинскиот пат- истакна Курц, укажувајќи на фактот дека дневниот број на заразени со коронавирусот во последните неколку недели е под 50.

Новата политика на носење маски е само еден чекор во постепените напори на Австрија да се врати во нормалниот живот.

Хотелите и фитнес салите се отворија денеска, откако претходните недели беа отворени продавниците, училиштата и рестораните.

Прочитај повеќе

Двајца лекари од Ургентен центар се расправале на висок тон за пациент, отворена е дисциплинска постапка

Во Албанија нов рекорд на новозаразени со Ковид-19

Слободен печат

Иса Мустафа заразен од ковид-19

Слободен печат

Димитров во Припор: Да си ја зграпчиме шансата, можеме многу да направиме во сите сфери

Слободен печат

Јанушев: На Николовски требаше да му биде незгодно и срам кога со Заев се колнеа дека нема да го менуваат Уставот

Слободен печат

Ердоган го потпиша указот: Света Софија се пренаменува во џамија

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Ќе се извлечеме, кампањата завршува

Слободен печат

Сериозна ситуација со заразените со Ковид-19 и во Црна Гора

Слободен печат

Спасовски: Кошмарот од којшто излеговме пред три години демне шанса да се врати

Слободен печат

Патолозите зачудени: Згрутчена крв пронашле речиси во сите органи на пациентите починати од ковид-19

Слободен печат

Заев: До 2021 година, минималната пензија ќе изнесува 10.700 денари

Слободен печат

Руската православна црква жали поради одлуката на турскиот суд за Света Софија

Слободен печат