Австријците ИЗНЕНАДЕНИ од книгата за бившиот канцелар: Што се крие во „50 нијанси на Курц“?

Во еден од најголемите политички скандали оваа година, падна австриската влада. Вицеканцеларот и лидер на десничарската партија Хаинц-Кристијан Штрах тајно е снимен додека на непозната Русинка – која се претставила како внука на богат олигарх – и понудил помош во добивање на профитабилни договори со Австрија во замена за политичка поддршка на својата партија.

По аферата, канцеларот Себастијан Курц ја распуштил владата, именувана е привремена канцеларка Бригите Бирлајн, а за крајот на септември се закажани нови избори на кои ќе се бира кој во иднина ќе управува со Австрија.

Курц и на новите избори важи за фаворит, а неговиот имиџ пред важниот датум треба да го зацврсти и биографската книга која ќе биде пуштена во продажба деновиве. Авторка е новинарката Џудит Громан која – како што се рекло во најавата – во текот на годините интензивно го набљудувала Курц. Тоа што го напишала, малку е да се каже дека, ги шокирала критичарите и јавноста.

Наметнат е единствен заклучок, а тоа е дека книгата „Себастиан Курц – службена биографија“ е австриската верзија на „50 нијанси на сива“, па прикладно ја преименувале во „50 нијанси на Курц“.

„Прво ја погледнав силуетата. „Дали е тоа стварно тој?“, си помислив. Видов само дел од главата, но ми се причини позната. Таа темносмеѓа коса, строго зачешлана наназад и мал шпицаст нос, кој на неговото лице даваше ведар израз. Носеше темно сиво одело, црни чорапи, црни чевли и бела кошула со темна, цврсто заврзана кравата. И потполно неочекувано, одеднаш влезе низ вратата. Замислено гледаше низ прозорот во далечина. Дали не забележа нас, тешко е да се каже. Блескава сончева светлина продираше во просторијата. Но, тоа не му пречеше. Есенското сонце му го осветлуваше лицето. Беше изгубен во мислите. Се сконцентрира и изгледаше како, подоцна ќе го дознаам тоа, тоа да му е заштитен знак. Неколку секунди го набљудувавме.“

Ова е еден дел од книгата која ги инспирирала многу на социјалните мрежи и тие да ги објават своите фрагменти од „50 нијанси на Курц“.

„Лежевме на неговиот кревет, постелнината мирисаше на рози. Неговото силно тело се наведна над мене, а потоа бараше да му кажам нешто валкано. За да му удоволам, нежно му шепнав на уво: „Данок на наследство“, ја напишала својата верзија корисничката Рафаела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот