Австрија забрани носење бурки во основните училишта – Слободен печат
ВестиПланета

Австрија забрани носење бурки во основните училишта

На предлог на десните партии австрискиот парламент донесе забрана за носење на шамии во основните училишта.

Пратениците од Долниот дом на австрискиот парламент усвоија закон со кој се забранува носење бурки во основните училишта на предлог на владејачката десница.

Во законот се наведува дека забраната се однесува на секаков вид облека со идеолошка или верска конотација со кој се прекрива главата. Десничарските пратеници јасно ставија до знаење дека забраната се однесува на муслиманските шамии.

Се нагласува дека забраната не се однесува на Евреите кои носат капчиња.

Муслиманската организација во Австрија , ИГГО , остро реагираше на овој закон нарекувајќи го бесрамен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close