Австрија се „заклучи” по третпат

Виена, Австрија/ Фото: Пиксабеј

Од полноќ во Австрија стапија во сила нови построги мерки во борбата против пандемијата на коронавирусот, со кои земјата повторно се затвори, по третпат оваа година.

Третото заклучување ќе трае еден месец, до 26 јануари, но за оние кои ќе учествуваат во доброволното масовно тестирање, „отклучување” ќе биде можно од 18 јануари.

Со новиот карантин повторно стапи во сила целодневниот полициски час, а од дома може да се излезе за да се купуваат дневни потреби, да се оди на лекар, да се оди на работа, но и да им се помага на другите и да се шета или да се занимава со индивидуален спорт поради ментално и физичко здравје.

Построгите мерки предвидуваат значително намалување на контактите, така што на едно домаќинство му е дозволено да има контакт со само едно лице од друго домаќинство. Тоа значи дека дури и за Нова година нема да биде можно да се напушти куќата без валидна причина, како и да се слави со оние кои не се членови на домаќинството.

Сите продавници, освен самопослугите, аптеките, пекарите, месарниците и слично, како и аптеките, се затворени. Отворени се и сервисите за автомобили и велосипеди. Рестораните и хотелите, како и културните институции, остануваат затворени. На јавни места, останува правилото за растојание од еден метар од другите лица, а во затворен простор мора да се носи маска.

Исто така, до 18 јануари е во сила построг режим за влез во Австрија, кој предвидува задолжителен десетдневен карантин, кој може да се прекине со негативен тест, но само по петдневна изолација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот