Австрија нема повторно да се затвора поради коронавирусот

Австрија Виена/Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Министерството за здравство на Австрија денеска ги демантираше гласините дека, поради епидемиолошката состојба, по 23 октомври се планира ново затворање на економијата и социјалниот живот во Австрија.

Лидерот на Слободарската партија на Австрија (ФПО), Норберт Хофер, тврди дека владата ќе донесе одлука за ново затворање на 23 октомври, пред претстојните австриски празници.

Претставници на Министерството велат дека нема таква намера.

– Станува збор за намерно ширење гласини, истакнува Министерството за здравство.

Второ „затворање” е планирано само доколку здравствениот систем е пред колапс, објасни Министерството, истакнувајќи дека тоа не е случај во моментов.

Министерот за здравство Рудолф Аншобер исто така ја исклучи можноста за ново „затворање”.

– Тоа нема да се случи, рече тој за списанието „Фалтер”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот