Австрија наскоро ќе воведе карантин за невакцинираните

Ковид состојба во Австрија
Луѓе / Фото EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Австрија е само неколку дена до прогласување на карантин за милиони граѓани кои не се целосно вакцинирани против ковид-19 бидејќи дневниот број на новозаразени достигнува рекордно ниво, а одделенијата за интензивна нега веќе се под притисок, рече канцеларот Александар Шаленберг, пишува Политико.

Околу 65 отсто од австриските граѓани се целосно вакцинирани против коронавирусот, најмалку во Западна Европа, заедно со Лихтенштајн, според Европскиот центар за превенција и контрола на болести.

Многу Австријци се скептични за вакцините, дополнително охрабрени од крајно десничарската Партија на слободата, трета по големина во парламентот.

Според владиниот повеќефазен план договорен во септември, кога 30 отсто од креветите за интензивна нега беа окупирани од пациентите заразени со ковид-19, карантинот ќе биде прогласен само за невакциниран и нивното движење ќе биде ограничено. Сега 20 отсто од креветите се пополнети и тој број рапидно расте.

Австрија минатата година три пати беше ставена во карантин

„Според постепениот план, всушност имаме само уште неколку дена додека треба да воведеме карантин за оние кои не биле вакцинирани“, рече Шаленберг на прес-конференција во западната провинција Форарлберг, додавајќи дека стапката на вакцинација е „срамно ниска“.

На невакцинираните лица повеќе не им е дозволено да влегуваат во ресторани, театри, ски-лифтови и салони за нега како фризерски салони, одлучи владата во петокот.

Австрија прогласи карантин три пати минатата година, ограничувајќи го движењето само на основните работи.

Полицијата ќе проверува дали граѓаните ја почитуваат одлуката на Владата, рече канцеларот.

Австрија ги заострува мерките против ширењето на ковид-19

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот