Австрија издаде 100-годишна обврзница вредна две милијарди евра

– Ова јасно покажува дека пазарот се нормализира и закрепна од кризата затоа што пред два месеци Владата не би можела да продаде обврзница со таа вредност, објасни Мајкл Лестер од германскиот Комерцбанк.

Владата на Австрија издаде стогодишна обврзница со која сака да собере две милијарди евра, со купонска каматна стапка од само 0,85 проценти и рок на доспевање 2120 година.

Австриската Влада првпат ваква обврзница издаде во 2017 година, но со значително повисока купонска каматна стапка од 2,1 проценти.

Вкупната вредност на понудите собрани за новоиздадената обврзница изнесуваше дури 17,7 милијарди евра, соопшти менаџерот кој го организирање издавањето.

Австрија е единствената земја во Европа која јавно продава обврзници со толку долг рок на доспевање. Земјите како Белгија и Ирска исто така ги издаваа, но со помали номинални суми, и ги пласираа на затворен круг инвеститори.

Датумот на доспевање е најдолг во Европа од првото тромесечие од годинава кога пазарите беа потресени од пандемијата на коронавирусот. Само Израел, во меѓувреме, издаде обврзница со толку долг рок на доспевање.

– Ова јасно покажува дека пазарот се нормализира и закрепна од кризата затоа што пред два месеци Владата не би можела да продаде обврзница со таа вредност, објасни Мајкл Лестер од германскиот Комерцбанк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот