Австрија ги заострува мерките против ширењето на ковид-19

EPA-EFE
Ковид тест / Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Зголемениот број на заразени лица во Австрија доведува до построги правила за невакцинираните против ковид-19, кои, меѓу другото, наскоро нема да можат да одат во ресторани и барови во неколку сојузни држави.

По сојузните држави Штаерска и Тирол, Горна Австрија и Корушка наскоро повеќе нема да пуштаат невакцинирани луѓе во ресторани и барови.

Ова ќе важи дури и ако покажат негативен тест за коронавирус. Мерките треба да стапат во сила во Горна Австрија на 8 ноември, а во Корушка на 4 ноември.

Правилата ќе важат во ноќните угостителски објекти и на настани без доделени места за седење за 500 или повеќе лица. Влезот е дозволен само за вакцинираните и оние кои прележале ковид-19.

На многу места, носењето маска FFP2 ќе биде задолжително. Проверките ќе се интензивираат, најавија властите.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот