Австрија ги штити домашните компании: Наскоро закон за заштита нафирмите од странско преземање

Во областите на одбраната, енергетиката, дигиталната инфраструктура, водовод, наука и развој, лекови, како и медицинска опрема, инвестициите кои предвидуваат удел од над 10 проценти прво ќе мора да бидат одобрени од страна на државата.

Министерката за економија на Австрија, Маргарет Шрамбек, најави закон со кој би се заштитиле домашните компании од преземање на странски инвеститор.

Според нацрт законот, кој овие денови се очекува да биде упатен на разгледување, се предвидува обврска за одобрување на инвестиции од трети држави за удел од 25 отсто.

Во областите на одбраната, енергетиката, дигиталната инфраструктура, водовод, наука и развој, лекови, како и медицинска опрема, инвестициите кои предвидуваат удел од над 10 проценти прво ќе мора да бидат одобрени од страна на државата.

– Секако и понатаму сакаме странски инвестиции, но во иднина сакаме да имаме можност да влијаеме на продажбата, објаснува Шрамбек, притоа потсетувајќи дека вакви контроли има и во САД, Кина и ЕУ.

Австрија, како што истакна, не смее да биде наивна бидејќи инвеститорите веќе тргнале во „шопинг тура“, барајќи „интересни“ компании за ниски цени. Шрамбек смета дека Кина и САД имаат јасен план, а тоа е се искористатдостугнувањата и знаењето на Европа.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот