Австрија ги отвори кафулињата и баровите по два месеци карантин

Анкетата на виенскиот весник „Естерајх” покажа дека денеска 22 отсто од граѓаните имаат намера да посетат угостителски објект.

Од денеска, угостителските објекти во Австрија ќе може да работат од 6 до 23 часот, но со одредени услови, со цел да се спречи ширењето на вирусот.

Наложено е во кафулињата и рестораните, да има метар оддалеченост помеѓу масите, а растојанието меѓу гостите од еден метар ќе важи и за приколките и киосците кои служат храна.

Покрај тоа, келнерите, односно персоналот кој е во директен контакт со гостите, мора да носат маски или визири. Вработените во кујната и другите кои не се во директен контакт со гостите, се ослободени од обврската да носат маски.

Најмногу четири возрасни и деца кои не се од исто домаќинство можат да седнат на една маса, а во поголем број може да бидат само ако се од исто домаќинство.

Анкетата на виенскиот весник „Естерајх” покажа дека денеска 22 отсто од граѓаните имаат намера да посетат угостителски објект.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот