Австрија е подготвена да биде домаќин на мировните преговори во Украина

Roman Chop/Global Images Ukraine via Getty Images

Австрискиот канцелар Карл Нехамер денеска изјави дека Австрија се залага за праведен и траен мир во Украина и е подготвена да биде домаќин на мировните преговори.

„Ги земаме предвид изјавите на рускиот претседател за неговата отвореност за мировни преговори со Украина. Сите преговори мора да се одвиваат без предуслови. Австрија ќе биде подготвена да поддржи праведен и траен мир заснован на меѓународното право и да биде домаќин на преговорите како седиште на ОБСЕ“, објави Нехамер на платформата Икс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот