Австрија додека трае епидемијата нема да прифаќа барања за азил на своите граници

Австрија, во период на епидемијата со коронавирусот, ги засили мерките во однос на азилантите, кои отсега нема да можат да поднесуваат молби за добивање азил на границата.

Министерот за внатрешни работи Карл Нехамер изјави дека барањата за азил повеќе нема да се прифаќаат на границата и дека тоа е мерка што се воведува на неодредено време, врз основа на Законот за епидемија.

Австрија, исто така, привремено го стопираше протерувањето на мигрантите чие барање за азил е одбиено.

Генералниот секретар на Министерството за внатрешни работи Хелмут Томац рече дека на барателите на азил нема да им биде дозволено да влегуваат во земјата без валидна здравствена потврда.

Според официјалните податоци, во Австрија моментално се поднесуваат до 12 барања за азил дневно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот