Австрија бележи рекорди: Најголем број на новозаразени од почетокот на епидемијата

Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Бројот на новозаразени со ковид-19 во Австрија е во постојан раст, а во изминатите 24 часа се регистрирани 1.346 нови случаи што е најголема бројка на дневно ниво во земјата од почетокот на епидемијата кон крајот на февруари.

Најголем број новозаразени лица (402) се забележани во Виена, што, исто така, е нов рекорд. Потоа следува Долна Австрија со 234, што е рекорд и за таа покраина, како и Тирол со 184 инфицирани лица.

Во последните 24 часа се пријавени 11 смртни случаи, па нивниот вкупен број се зголеми на 872. Од почетокот на епидемијата во Австрија се заразиле вкупно 58.879 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот