Австралиските власти разгледуваат блокирање на сајтови за насилство и тероризам

Австралиските власти разгледуваат блокирање сајтови што шират отворено содржини за насилство и тероризам. Тоа го соопшти австралискиот премиер Скот Морисон на средбата на Г7 во Биариц. Морисон е на самитот по покана од домаќинот, францускиот претседател Емануел Макрон.

– Ние правиме се што можеме за да спречиме можност терористите да ги глорифицираат своите злосторства, рече Морисон.

Покрај тоа, владата разгледува и воспоставување законодавство што ќе ги присили веб-страниците и дигиталните услуги подобро да спречат ваквиот вид на ширење на криминалниот материјал преку зајакнување на нивните мерки за безбедност.

Тоа прашање беше дискутирано во изминатите години, и најновиот притисок доаѓа како одговор на нападот во март 2019 година во Кристчрч, Нов Зеланд, кога социјалните мрежи беа обвинети дека не направиле доволно за да спречат хостирање и споделување екстремистички и насилни содржини на нивните платформи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот