Австралиските весници протестираат против цензурата

Австралиските весници денеска излегоа со преработени насловни страници како дел од заедничката кампања со која се повикува Владата подобро да ја заштити слободата на новинарската работа.

Насловните страници прикажуваат детално преработен владин документ, кој има за цел да покаже широка цензура. Во исто време, медиумите започнаа кампања, барајќи измени на законите што ја квалификуваат работата на новинарите и активизмот на свиркачи како казнени дела.

Сиднеј Морнинг Хералд бара „сеопфатен амандман на законот за да се стави крај на негирањето на информациите”. Австралијан предупредува на „долготрајни напади врз правата на новинарите”.

Деветнаесет медиумски организации и новинарски здруженија во јуни оваа година ја започнаа кампањата „Твое право е да знаеш”, протестирајќи против упадот на полицијата во јавните телевизиски канцеларии и во станот на еден новинар во потрага по документи доставени од свиркачи.

Прочитајте и...  Два дена без починати од коронавирус, Скопје на врвот во однос на бројот на заболени

Во текот на изминатите 20 години, донесени се повеќе од 60 нови закони кои де факто овозможуваат гонење на новинарите и казнување на свиркачите, предупредуваат организаторите на кампањата во најновата акција.

– На Австралија и се заканува опасност да стане најмистериозната демократија- рече директорот на националната телевизија АБЦ, Давид Андерсон.

Тие, меѓу другото, бараат право да го оспорат пребарувањето на простории и построги критериуми за чување документи во тајност.

Прочитај повеќе

Нетанјаху: Израел ќе го прошири својот суверенитет над делови од окупираниот Западен Брег

Слободен печат

По десетнеделен карантин, Бајден за првпат излезе од дома

Слободен печат

Деновиве ќе се носат уредби за третиот сет мерки

Слободен печат

ЗОО Скопје од денес отворена за посетители, но со нов протокол на движење

Миа Агенција

Истекува третата вонредна состојба, партиите се уште без консензус за датумот за избори

Слободен печат

Во Велика Британија од 15 јуни се отвораат објектите за трговија на мало

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Два дена без починати од коронавирус, Скопје на врвот во однос на бројот на заболени

Слободен печат

Посвежо време со дожд и ветер, температура до 21 степен

Слободен печат

Курсна листа на НБРМ: Колку чини еврото денеска?

Слободен печат

Во Сао Паоло погреби на секои 10 минути, а епидемијата сѐ уште не го достигна својот врв

Слободен печат

Мјанмар првиот извештај за заштитата на Рохинџите го поднесе до Судот на ОН

Слободен печат

Русија забрани увоз на гориво на четири месеци

Слободен печат