Австралискиот кардинал педофил вратен во затвор, одбиена неговата жалба

Кардиналот Џорџ Пел, кој е осуден за сексуално злоставување деца е вратен во затвор откако Апелацискиот суд во австралиската држава Викторија ја одби неговата жалба.

Одлуката на Апелацискиот суд ја поздравија жртвите на злоставувањата и групите за заштита на правата на жртвите, кои беа собрани пред ззградата на судот, јавија американските медиуми.

Кардиналот Пел, некогашен министер за финансии на папата Франциск, во декември минатата година беше осуден на шест години затвор за злоставување на двајца 13-годишници во катедралата Свети Петар во Мелбурн.

Неговите адвокати соопштија дека ќе бараат преиспитување на одлуката на судот и ќе поднесат жалба до највисокиот суд на Австралија.

Пел е највисокиот ватикански претставник кој досега е осуден на затворска казна, а заради пресудата австралискиот премиер Скот Морисон порача дека ќе му се одземе и австралискиот Орден на честа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот