Австралиски војници осомничени за убиство на мештани во Авганистан

Австралиските власти денеска соопштија дека 19 сегашни и поранешни војници ќе бидат испратени до специјален истражител поради можно кривично гонење за наводно убиство на 39 локални жители во Авганистан, од кои повеќето биле затвореници и не биле вооружени.

Објаснувајќи ги наодите од долгоочекуваната истрага за однесувањето на персоналот на специјалните сили во Авганистан помеѓу 2005 и 2016 година, австралискиот генерал Ангус Џон Кембел рече дека има веродостојна информација дека 25 припадници на австралиските специјални единици извршиле 39 нелегални убиства во 23 одделни инциденти.

Според извештајот, повеќето убиени, вклучително затвореници, земјоделци и други локални жители во Авганистан, биле заробеници кога биле убиени и затоа биле заштитени со меѓународното право, пренесува Си Ен Ен.

Кембел рече дека поради тоа, 19 сегашни и поранешни припадници на австралиската армија ќе бидат испратени до специјален истражител, кој ќе биде назначен наскоро, со цел да се утврди дали има доволно докази за да бидат гонети.

– Сите овие убиства се случија надвор од „жариштето на битката”, рече Кембел.

Тој додаде дека ваквите откритија укажуваат на најсериозно кршење на правилата за однесување на војската и професионалните вредности.

– Противправното убивање цивили и затвореници никогаш не е прифатливо, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот