Австралиски новинар: Новак Ѓоковиќ треба повторно да го депортираат

фото: EPA-EFE/FAZRY ISMAIL

Познатиот австралиски радиоводител Нил Мичел отиде предалеку, откако побара од австралиската држава повторно да го депортира српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, исто како и минатата година.

Нил Мичел беше тешко погоден од поразот на миленикот на домашната публика во Мелбурн, Алекс Де Минор, кој буквално беше декласиран од Ѓоковиќ во вчерашниот меч од осминафиналето на Австралија Опен, совладувајќи го со резултат 6:2 6:1 и 6:2.

– Не го следам многу тенисот, но се надевам дека Ѓоковиќ нема да го освои Австралија Опен. Србинот по мечот не се однесуваше спортски кон Де Минор, поради тоа што се случи пред една година кога беше депортиран. Јасно е дека Ѓоковиќ сакаше да го „избрише“ од теренот. И тоа го направи на крајот, но беше крајно непријатен по победата. Треба да го депортираат Новак затоа што така се однесуваше – рече Нил Мичел во својата радио програма, смеејќи се на крајот гласно.

Српскиот ас в среда ќе го игра четвртфиналниот меч на Австралија опен против Русинот Андреј Рубљов.

Победникот во полуфиналето на првиот грен слем турнир сезонава ќе игра против подобриот од американскиот дуел Бен Шелтон – Томи Пол.

ВИДЕО | Дебатата повторно отворена: Што пие Ѓоковиќ за време на натпреварите?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот