Австралиската Влада со пет милиони долари ја помага новинската агенција ААП која пропаѓаше

Австралиската Влада соопшти денеска дека ќе обезбеди пет милиони австралиски долари (3,7 милиони американски долари) за новинската агенција Australian Associated Press (ААП), која се најде во финансиски тешкотии поради пандемијата на коронавирусот.

– AAP Newswire обезбедува услуги на повеќе од 250 водечки регионални медиуми низ Австралија, покривајќи ја содржината на јавниот интерес во националните, државните и регионалните вести, рече министерот за комуникации Пол Флечер.

Новинарството од јавен интерес е важно денес, поважно од кога било досега. Пет милиони долари ќе му овозможат на ААП да продолжи да обезбедува важни медиумски услуги за заедниците низ Австралија, додаде тој.

Притисокот врз австралискиот премиер Скот Морисон за поддршка на новинската агенција се интензивираше откако претходните сопственици News Corp и Nine Entertainment објавија во март дека планираат да ја затворат. 

Прочитајте и...  Села - Клеменс Која: Пописот на населението мора да биде веродостоен и во согласност со стандардите на Евростат

Поврзани вести

Умре волонтер кој учествувал во тестирањето на Оксфорд вакцината против ковид-19

Слободен печат

ОММ: Пратениците да ги донираат лаптопите онаму каде што се најпотребни

Слободен печат

Мерните станици за квалитетот на воздухот обоени во аларманта црвена боја

Рекламација на производи од 847 милиони долари: Ј. Кореја купи четири дрона од САД, два со дефекти

Слободен печат

Видео: Владата отворена за разговори со цел изнаоѓање решенија за декриминализација на канабисот

Слободен печат

Советот на амбасадори го поздравува повлекувањето на Предлог законот за надворешни работи од собраниската процедура

Слободен печат

Остави Коментар