Австралиската влада сè уште го „разгледува” случајот Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ целосно фокусиран на тенисот и сака да игра на „Австралија опен“/Фото: EPA-EFE/JAMES ROSS

 Австралискиот министер за имиграција Алекс Хок сè уште ја разгледува одлуката за статусот на визата на тенисерот Новак Ѓоковиќ, изјави денеска австралискиот премиер Скот Морисон.

Хок сè уште размислува за употреба на дискреционите овластувања да ја укине визата на 34-годишниот Србин, откако ги разгледал доказите обезбедени од адвокатите на Ѓоковиќ за ова прашање, изјави Морисон во Канбера.

– Ова се лични министерски овластувања што може да ги спроведува министерот Хок и нема да давам дополнителни коментари во овој момент, рече Морисон во забелешките што ги објави австралиската новинска агенција ААП.

Според ДПА, учеството на Ѓоковиќ на Австралија Опен следната недела останува нејасно во очекување на одлуката на Хок.

Суд во Мелбурн во понеделникот го поништи откажувањето на визата на Ѓоковиќ минатата недела во однос на строгите правила за влез во Австралија поврзани со коронавирусот. Ѓоковиќ не е вакциниран.

Кабинетот на Хок вчера соопшти дека дополнителните информации од адвокатите на Ѓоковиќ ја поместиле временската рамка за одлука.

И австралиските медиуми јавуваат дека Хок денеска нема да донесе одлука дали ќе му ја укине визата на Ѓоковиќ. Извор од федералната влада потврдил дека Хок сè уште размислува за ова прашање и дека нема да донесе одлука вечерва по локално време, јавија весниците „Сиднеј Морнинг Хералд” и „Ејџ”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот