Австралиската влада има нов адут, Ѓоковиќ дал лажни податоци при поднесување барање за виза

Сагата околу Новак Ѓоковиќ продолжува/ фото: EPA-EFE/JAMES ROSS

Сагата околу Новак Ѓоковиќ и неговото останување во Австралија продолжува откако федералната влада пронајде нов документ кој не му оди во корист на српскиот тенисер и со кој може не само да биде протеран од земјата туку и да добие и затворска казна.

Новинарката Карен Свини пишува дека владата има нов адут во австралиската патна декларација, документ кој мора да го пополнат сите кои влегуваат во Австралија и во кој Новак Ѓоковиќ дал лажни информации.

Имено, Ѓоковиќ во тој документ навел дека не патувал никаде 14 дена пред да пристигне во Австралија на 5 јануари. Но, тој е забележан на тениските терени во Србија на 25 декември, а потоа како тренира во Шпанија на 2 јануари.

Според австралиските закони, давањето погрешни информации во австралиската патна декларација претставува „сериозен прекршок„ за кој подлежи на казни.

Новак Ѓоковиќ на припадниците на австралиската гранична полиција и на службениците за министерството за имиграција дека Тениската федерација на Австралија го пополнила формуларот во негово име, но службеникот во записникот навел дека тоа е направено „на основ на информациите кои ги дал човекот со виза“.

Според новинарот Расел Фулер, постапката на Ѓоковиќ „не е баш паметна со оглед на околностите, но не е нешто што во вообичаени околности би претставувало проблем“.

Новак Ѓоковиќ вчера во федералниот суд во Мелбурн ја победи австралиската влада и доби дозвола да остане во земјата и да ја брани титулата откако првично му беше укината визата. Судијата Ентони Кели донесе одлука да му се врати визата назад на Ѓоковиќ и ја предупреди владата да не ја преиначува оваа одлука. Но конечниот збор ќе го има министерот за имиграција Алекс Хокс кој може да донесе одлука за ново укинување на визата на Ѓоковиќ што би значело протерување од земјата и неколкугодишна забрана за влез.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот