Австралиска спортистка до златниот медал дојде со помош на кондом

EPA-EFE/JOE GIDDENS

Џесика Фокс искористи кондом за да го поправи својот кајак кој беше оштетен по квалификациските трки.

Олимписките игри и олимпиското село со полни со анегдоти од кои некои завршуваат на социјалните мрежи.
Една од нив откри и австралиската кануистска Џесика Фокс која влезе во историјата станувајќи прва шампионка во категоријата Ц-1. Џесика откри дека до титулата дојде со помош на кондом.

Таа искористила кондом за да го поправи својот кајак кој бил оштетен за време на квалификациските трки и го користела како средстви за прицврстување на оштетените делови.
„Се обложувам дека не знаевте оти кондомите можат да се користат за поправање на кајак. Имаат голема еластичност и многу се лесни“, напиша австралиската кануистка на социјалните мрежи по освојувањето на златниот медал.

принтскрин/Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот