Австралијка се бори за живот, ја нападнале нејзините ротфајлери

Австралијка била нападната од нејзините две кучиња во дворот, а соседите го слушнале нејзиниот крик и набрзина и пришле на помош. Полицијата со истрел успеала да го спречи понатамошниот напад на кучето. Жената е во тешка состојба во болница, а лекарите ќе ја оперираат за да се обидат да и ја спасат раката.
Лекарите се борат да ја спасат раката на 31-годишната Австралијка Никита Пил, која во саботата беше нападната во дворот од нејзините две миленичиња – ротвајлерите Бронкс и Харлем.
Таа се здобила со сериозни повреди на рацете и нозете и се уште е во тешка состојба во болницата Ројал Перт. Најверојатно ќе треба да ја оперираат за да и ја спасат раката.
Болните крици на Никита ги вознемириле соседите кои очајнички се обидувале да ги спречат кучињата. Удирале по оградата и ги прскале кучињата со вода од цревото, но сите обиди биле залудни.
Соседот Брин Спенсер изјави дека се обидел да го спречи нападот, но не можел да влезе во дворот без да се доведе во опасност.
„Размислував да ја прескокнам оградата и да влезам внатре за да ја спасам, но очигледно внатре имаше два ротвајлери… Ќе бев растргнат“.
Се што можев да направам е да го гледам девојчето како се брани, додека јас со палка удирав во оградата, а друг сосед го испрска кучето“, додал тој, а пренесува Дневник.хр.
Полицајците прво се обиделе да ги запрат кучињата со истрел во воздух од пиштол, но не успеале. Нападот завршил кога полицијата пукала и го убила седумгодишниот Бронкс, откако утврдиле дека кучињата се крајно агресивни и дека животот на Никита е во опасност. Кучето подоцна било евтаназирано од ветеринари.
Другото куче, четиригодишниот Харлем, останува во објектот во Кокбурн додека полицијата истражува зошто миленичињата го нападнале нивниот сопственик.
Никита е страствен љубител на ротвајлер, а своевремено го опиша своето куче Бронкс како „целиот свет – лојален, интелигентен и заштитнички настроен“.