Австралијците во финишот го „скршија“ отпорот на Канада

fiba.basketball

Започнаа возбудувањата и во рамките од групата Х на Мундобаскет 2019, Австралија славеше против Канада со 108:92.

После првото полувреме австралиските кошаркари имаа предноста од 12 коша разлика (52:40).

Ваквата негатива Канаѓаните успеаја да ја анулираат во третиот период кога покажаа одлични перформанси (37:24) за минимална предност од 77:76.

Но, во последната четвртина играчите на Леманис покажаа зошто се фаворити на овој дуел освојувајќи со 32:15.

Метју Делаведова беше прв стрелец во победничките редови со 24 поени (четири скока, пет асистенции). На спротивната страна Кем Брч реализираше 18 поени (пет скока), следен од Кори Џозеф (16 поени, пет скока, четири асистенции).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот