Австралијците ги напуштаат домовите: Тинејџери ги подметнале пожарите?

Фото: Твитер

За пожарите кои беснеат во Австралија осомничено е 21-годишно момче, а две тинејџерки исто така биле испитани поради еден пожар во австралиската држава Квинсленд, соопштила полицијата во вторникот, откако шумските пожари присилија стотици луѓе да ги напуштат своите домови на исток во земјата.

Силните ветрови довеле до речиси 140 пожари во Квинсленд и во соседната држава Њу Саут Велс оваа недела, а огнот проголтал илјадници хектари земја.

За најмалку осум пожари се смета дека се подметнати, изјавила полициската портпаролка Катрина Керол за новинарите, а полицијата соопштила дека три деца се испитуваат за пожарите.

21-годишното момче било испитано, откако повеќе деца биле најдени во понеделникот во шума покрај парк во Брисбејн, главниот град на Квинсленд.

Момчето е осомничено дека намерно запалило оган во околен магацин, уништувајќи ја оградата, два транспортни контејнери и нивната содржина.

Портпаролката на полицијата изјавила дека по испитувањето, во склоп со постоечките закони, бил пуштен на слобода со мерки за претпазливост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот