АВСТРАЛИЈА ВИСОКО КОТИРА, а еве што ќе се случи ако победи на Евровизија! - Слободен печат
ЕспресоШоу биз

АВСТРАЛИЈА ВИСОКО КОТИРА, а еве што ќе се случи ако победи на Евровизија!

Кејт Милер со својот лебдечки настап ја воодушеви европската публика. Нејзиното високо место во прогнозите го повлекува и прашањето што ќе се случи доколку победи на фестивалот.

Од пред неколку години Австралија настапува на Евровизија и речиси секогаш има впечатливи настапи, но овојпат го привлекоа вниманието на сите фанови на фестивалот.

Според прогнозите, постојат големи шанси токму оваа прекуокеанска земја да ја однесе победата. Кејт Милер со својот лебдечки настап ја воодушеви европската публика. Нејзиното високо место во прогнозите го повлекува и прашањето што ќе се случи доколку победи на фестивалот.

Прва логична претпоставка е дека Евровизија ќе се „пресели“ во Австралија, но тоа нема да се случи. Во случај на нивна победа, тие бираат во која од членките на Европската радиодифузна унија ќе се организира следниот фестивал.

Австралија веќе има одговор и на ова прашање. Доколку победат, тие ќе одлучуваат меѓу Германија и Велика Британија.

За потсетување, вечерва на евровизиската сцена, во втората полуфинална вечер, настапува нашата Тамара Тодевска со песната „Proud“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close