Австралија стана втор најголем увозник на оружје во светот

Фото: EPA-EFE/JOEL CARRETT

Австралија стана вториот најголем увозник на оружје во светот, покажуваат податоците на Меѓународниот институт за истражување на мирот во Стокхолм (СИПРИ).

Од 2017 до 2018 година, Австралија се искачи од четвртото на второто место. Причина за тоа е набавка на голем број нови авиони и подморници поради проценката дека безбедносната состојба во областа е под зголемена закана.

Саудиска Арабија го држи првото место меѓу увозниците на оружје, а Кина се искачи од шестото место во 2017 година на трето, додека во 2018 година Индија падна од второто на четвртото место.

И покрај надежите на австралиската конзервативна влада да биде и на списокот на првите 10 извозници на оружје, земјата падна од 18. на 25. место во периодот од  2017 до 2018 година.

Најголеми четири извозници на оружје се САД, Русија, Франција и Германија, а на петто место е рангирана Шпанија, која на тоа место се искачи откако во 2017 година беше на деветото место. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот