Австралија: Спречен терористички напад, уапсени три лица

Полицијата во Австралија уапси три лица под сомневање дека инспирирани од ИД планирале напад врз цели во Сиднеј, вклучувајќи згради на полицијата и одбраната, судови, цркви и дипломатски мисии.

Помошникот комесар на австралиската федерална полиција, Јан Мекартни, рече дека првоосомничениот (23) се очекува да биде обвинет за подготовка на терористички напад и подготовка за заминување во Авганистан заради непријателски активности во име на ИД.

Ако биде прогласен за виновен тој може да биде осуден на доживотен затвор.
Останатите двајца уапсени, на возраст од 23 и 30 години, може да бидат осудени на 10 години затвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот