Австралија се откажа од целта да ги вакцинира сите граѓани до крајот на годината по проблемите со „Астра-Зенека“

Вакцина/ Фото: EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Австралија се откажа од целта за вакцинирање на речиси сите 26 милиони жители до крајот на 2021 година откако беше препорачано луѓето на возраст под 50 години да се вакцинираат со вакцината на „Фајзер“ наместо со таа на „Астра-Зенека“.

„Австралија, која многу се потпираше на вакцината на „Астра-Зенека“, нема да постави нови цели за да ја исполни својата програма за вакцинација”, напиша премиерот Скот Морисон на Фејсбук.

„Иако би сакале да ги потрошиме сите дози до крајот на годината, таа цел е невозможно да се постигне со оглед на многуте непознаници што се појавија”, напиша Морисон.

Властите во Канбера во четвртокот ја сменија препораката за вакцинација за лица помлади од 50 години, откако европското регулаторно тело повторно предупреди на можноста за поврзаност помеѓу вакцината на „Астра-Зенека“ и извештаите за ретки случаи на згрутчување на крвта.

Австралија, која минатата недела набрзина ја удвои нарачката за вакцини од „Фајзер“, првично планираше да го вакцинира целото население до крајот на октомври.

Досега се администрирани 1,16 милиони дози на вакцини, додаде Морисон, истакнувајќи дека темпото на спроведување на програмата за вакцинација во Австралија е во чекор со темпото во земји како Германија и Франција и побрзо отколку во Канада и Јапонија.

Австралија започна со вакцинација многу пред некои земји, главно поради малиот број на заразени, што е нешто помалку од 29.400 од почетокот на пандемијата, со 909 смртни случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот