Австралија, САД, Велика Британија предупредуваат: Не одете на аеродромот во Кабул, се заканува терористички напад

Евакуација од Кабул. / Фото: EPA-EFE/DISTRICT INFORMATION OFFICE JAMNAGAR HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Американската, австралиската и британската влада ги предупредија своите граѓани да не одат на аеродромот во Кабул поради закана од терористички напад, објавија агенциите во четвртокот кога се приближуваше рокот за евакуација.

Австралиското Министерство за надворешни работи во четвртокот го ажурираше советот во кој ги предупредува луѓето да не одат на аеродромот Хамид Карзаи, а оние што се во близина да се засолнат на безбедно место и да чекаат дополнителни совети.

Амбасадата на САД во Кабул ги наведува „безбедносните закани пред да влезат на аеродромот“ и ги советува граѓаните „да избегнуваат да одат на аеродром и да избегнуваат влегување на аеродромот во овој момент, освен ако индивидуално не е наложено од американски владин претставник да го стори тоа“.

Во предупредувањето понатаму се вели дека граѓаните кои веќе се на портите на аеродромот „треба веднаш да заминат“.

Една недела и половина откако Талибанците го зазедоа Кабул, можностите за воена евакуација од Авганистан брзо се затвораат, а американскиот претседател eо Бајден се држи до плановите за повлекување на американските сили до 31 август.

Ако американските војници го напуштат аеродромот во Кабул, во држава под контрола на Талибанците, не може да се гарантира безбедност на аеродромот за понатамошна евакуација.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот