-4 C
Скопје

Австралија прва која ќе ги натера Фејсбук и Гугл ќе плаќаат за објава на вести

Австралија ќе стане првата земја што ќе бара од интернет компаниите да им плаќаат на медиумски куќи за новинската содржина.

Земја ќе ги принуди технолошки гиганти како Фејсбук и Гугл да ги платат австралиските медиуми за објавените вести.

Овој принцип е според модел сличен на авторски права, а годинава ќе биде регулиран со закон, соопшти австралискиот министер за финансии, Џош Фрајденберг.

– Тоа би било чесно за работењето на австралиските медиуми. Треба да обезбедиме подобра конкуренција, подобра заштита на потрошувачите и одржливо медиумско опкружување. Се работи за иднината на австралискиот медиумски простор, додаде Фрајденберг.

Гугл соопшти дека регулативата ги игнорира „милијардите кликови” што ги праќа до австралиските медиуми секоја година.

– Тоа испраќа загрижувачка порака до компаниите и инвеститорите дека австралиската Влада ќе интервенира наместо да го пушти пазарот сам да работи. Не прави ништо за да се справи со фундаменталните предизвици на создавање деловен модел погоден за дигитално време, изјави Мел Силва, извршен директор на Гугл за Австралија и Нов Зеланд.

Прочитајте и...  Денеска се празнува спомен на Светиот свештеномаченик Теопемт и маченикот Теона

Фејсбук сè уште не одговорил на барањето за коментар.

Поврзани вести

АМСМ: Возете внимателно, снег провејува на Попова Шапка и на „Стража“

Слободен печат

Норвешка воведува задолжителен тест за Ковид-19 на граничните пунктови

Слободен печат

Казната е 135 евра: Глоба за речиси 6.000 Французи за прекршување на „полициски час“ во викендот

Слободен печат

Метео: Студено време со малку сонце, малку ветар и температури до 4 степени

Слободен печат

ЕВН Македонија: Дел од општините Карпош и Кисела вода денеска без струја

Слободен печат

„Си-Ен-Би-Си“: Претставничкиот дом на САД ќе направи детална анализа на безбедносните пропусти при упадот во „Капитол“

Слободен печат

Остави Коментар