Австралија: Пожарите ги гаси дождот, но предизвикува поплави

Архива СП

„Се очекува повеќе дожд во текот на следните денови”, објави Бирото на Твитер.

Денешните обилни дождови во австралиската држава Квинсленд, изгаснаа дел од пожарите што опустошија 2,5 милиони хектари од септември, но исто така предизвикаа поплави во некои делови.

Според проценките во некои области наврнале една четвртина од годишните просечни врнежи од дожд, а државното Биро за метеорологија соопшти дека во крајбрежните области евидентирани се до 160 милиметри дожд за 24 часа.

„Се очекува повеќе дожд во текот на следните денови”, објави Бирото на Твитер.

Како што се посочува, неколку лица биле спасени од поплавите, а некои мостови и насипи се затворени за сообраќај, но не е пријавена поголема штета.

Неодамнешните дождови во Квинсленд, Викторија и Нов Јужен Велс помогнаа во борбата против стотиците пожари што изгореја површина со големина на Грција, при што загинаа 33 луѓе и милиони животни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот